Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изгаснат пожарот кај трафостаницата во Пинтија, нормализирано снабдувањето со струја во Скопје

/

пред 1694 дена

Сподели преку :

Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрништето спроти 400 киловолтната трафостаница Скопје 4 во Пинтија, предизвикувајќи оштетувања на високонапонската инсталација поради што поглемиот дел од Скопје остана без струја.

На местото се противпожарни екипи со две возила кои успеаја да го изгасната огнот, како и припадници на полицијата.

Од МЕПСО информираа дека напојувањето со електрична енергија било прекинато поради пожарот во близина на трафостаницата за да можат да интервенираат противпожарните единици.

Речиси цело Скопје беше без електрична енергија од 17:15 до 18:00 часот.

Од ЕВН упатија на МЕПСО бидејќи проблемот бил во високонапонската мрежа.