Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девет милиони луѓе во карантин за 78 случаи од ковид 19

/

пред 1668 дена

Сподели преку :

Кинескио североисточен град Чангчун со девет милиони жители од денеска е во карантин откако бројот на заболени од ковид се искачил на 78, во изминатата недела, а во целата провинција 1.100. Омикрон варијантата брзо се шири, соопштија здравствените власти, а откако денеска во градот биле регистрирани уште два нови случаи, одлучено е градот целосно да се затвори.

Од жителите се бара да останат дома, само на еден член на семејството му е дозволено да излегува за да купи храна и други потреби на секои два дена. Сите жители мора да поминат три круга на масовно тестирање, додека несуштинските бизниси се затворени и транспортните врски суспендирани.

Кина денеска пријави уште 397 случаи на локален пренос на национално ниво. Властите постојано укажуваат дека ќе ја заклучат секоја заедница каде што се пронајдени еден или повеќе случаи според пристапот на Кина со „нулта толеранција“ кон пандемијата.