Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дедо го убил поранешниот зет кој со нож и се заканувал на поранешната сопруга

/

пред 1686 дена

Сподели преку :

62 годишен битолчанец утрово  со пиштол го уби својот поранешен зет, откако тој насила влегол  во неговиот дом во Битола и со нож и се заканувал на бившата сопруга.

Полицијата соопшти дека  44 годишниот маж почина  на местото на настанот, во претсобјето од куќата на осомничениот, веднаш откако беше застрелан.

Настанот се случи околу 6 часот утрово, а   по оваа семејна расправија беше  повикана итна помош која констатираше смрт кај 44 годишниот битолчанец.

Полициска екипа  и јавен обвинител извршија увид во семејната куќа на таткото на поранешната сопруга на убиениот,  каде што се случи убиството, а осомничениот е лишен од слобода.

По наредба на јавен обвинтел телото на починатиот е предадено на обдукција.