Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитриевски: Ковачевски да се огради од претходните ставови на раководството на партијата

/

пред 1752 дена

Сподели преку :

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во гостувањето во Да си кажеме на Утринската на Телма, на прашањето дали би прифатил нова позиција во партијата или во централната власт доколку тоа му биде понудено од страна на новиот претседател на СДСМ  Димитар Ковачевски и иден мандатар на Владата, смета дека најпрво Ковачевски мора да се огради од претходните ставови на раководството на партијата.

Јас не делувам за да добијам јавна или политичка функција туку делувам во интерес на граѓаните и државата. Мојот политички интерес е многу поголем во однос на државниот и јавниот интерес отколку на политички позиции. Ќе чекам да има оградување на сите претходни ставови на партијата. Ние не можеме да манипулираме со граѓаните. Мора да бидеме искрени со грѓаните, и да им објасниме зошто нашата држава 30 години стагнира во исто место, а политичките партии играат пинг-понг со проблемите на лева и десна страна, изјави димитриевски.