Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитриевски: Оливер Спасовски е најголем виновник за состојбата во која во моментов се наоѓа СДСМ

/

пред 1752 дена

Сподели преку :

Во гостување во рубриката Да си кажеме на Утринската програма на Телма, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вели дека нема никаков контакт со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Сум немал контакт подолг временски период затоа што сметам тој е најголем виновник за состојбата во која се ноаѓа СДСМ во моментов, вели Димитриевски.

Во однос на изборот на Ковачевски за нов лидер на СДСМ, Димитриевски смета дека секој човек кој ќе дојде на позиција треба да добие најмлаку 100 дена за да докаже што знае.

Најголемото прашање е дали сакаат да направат суштински реформи, додаде Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово, вели дека е подготвен во секој момент да разговара доколку некој од раководство даде поддршка на ставовите кои ги имал.

Повеќе во гостувањето на Максим Димитриевски во „Да си кажеме“ на Утринска на Телма.