Доколку работите се движат со планираната динамика, до крајот на 2021-та година би можеле да го отвориме првиот кластер во преговарачкиот процес за членство во Европската унија, изјави вицепремиерот Никола Димитров. Тој е уверен дека во текот на четиригодишниот мандат на оваа Влада, би можеле да се отворат 80 одсто од поглавјата и да се обезбеди подлога, следната Влада успешно да ги затвори преговорите и да направи пристапен договор за плноправно членство. Димитров најави дека ќе биде неопходно да се привлечат или едуцираат неколку илјади експерти за европско право во нашата администрација.











