Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕК предлага едногодишно продолжување на дигиталниот ковид сертификат

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Европската Комисија (ЕК) смета дека дигиталниот ковид сертификат на ЕУ треба да се продолжи до крајот на јуни 2023.

Комисијата сега го поднесува предлогот на Советот и Парламентот на ЕУ за да имаат време до истекувањето на рокот на сегашната регулатива за ковид сертификатот да го одобрат ова продолжување.

Дигиталниот ковид сертификат го олеснува патувањето помеѓу земјите членки на ЕУ како и низа трети земји кои се приклучија кон системот. Овој сертификат содржи информации за дози на вакцини, прележаност и резултат на ПЦР тесэ ови.

– Европската комисија смета дека сертификатот треба да се продолжи уште една година, поради фактот што постои ризик од повторно зголемување на бројот на заразени во втората половина од годината, како и можност за појава на нови соеви, изјави портпаролот Кристијан Виганд.