Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ ги продолжи вакциналните сертификати до 2023 година

/

пред 1703 дена

Сподели преку :

Европската комисија предлага да се продолжи за една година употребата на сертификати за КОВИД, до 30-ти јуни наредната година.

И покрај изјавата на СЗО дека Европа сега влегува во веродостојна завршна игра на пандемијата, ЕУ соопшти дека вирусот сè уште е многу распространет на континентот.

Ковид сертификатите, на предлог на Грција, стапија на сила во јули минатата година и беа успешна алатка за при слободното опатување во земјите членки.

Издадени се повеќе од 1,2 милијарди сертификати.

За да стапи на сила, предлогот за продолжување треба да биде прифатен од членките на ЕУ и од Европскиот парламент.