Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Забрчанец – Нов национален координатор за Отворен Балкан

/

пред 1691 дена

Сподели преку :

Доскорешниот владин секретар за комуникации Марјан забрчанец има нова функција – Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Ова е одлучено на денешната владина седница. Забрчанец во наредниот период ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Македонија.

Неговото претходно место го наследи Ана Андреева која е одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Македонија.