Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев и Борисов се сретнаа денеска во Софија, неофицијално договорено е разговорите да продолжат

/

пред 2153 дена

Сподели преку :

Срдечен дочек во не толку пријателски моменти. Премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов се поздравија на скалите пред да почне работната средба на делегациите во рамките на Самитот на Берлинскиот процес. На средбата Борисов го придружуваше само бугарскиот министер за одбрана Красимир Карачанов чии изјави во континуитет домашната јавност ги оценува како класични провокации.

Декларациите на Самитот се потпишаа а македонската делегација останува во Софија. Предвиден е работен ручек на Заев и Борисов кои ќе бидат придружувани од делегациите а според информациите на Телма, засега нема напредок и разговорите продолжуваат.

Канцеларката Ангела Меркел која не дојде во Софија, од Берлин испрати јасна и моќна порака. Берлинскиот процес секогаш носел помирување меѓу државите а земјите од регионот мора да се согласуваат.

Во својот поздравен говор на отварањето на Самитот премиерот Заев истакна дека политичка поддршка за процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан постои и дека таа не смее да се испушти.

Борисов пак во својот говор без никакви пораки, не се осврна на проблемот кој настана меѓу двете држави.

Бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, денеска со нова порака не само историјата и говорот на омраза туку и Коридорот 8 се клучните проблеми.

„Имаме забелешки не само за историјата, туку и за напредокот на инфраструктурните проекти, како што е Коридорот 8. Секој што патува ја гледа состојбата со поврзаноста меѓу двете земји. Повеќе од една и пол година чекаме на програмата за соработка од областа на културата и образованието, која ја испративме, но сè уште немаме одговор. Бугарија е исклучително категорична. Ние сакаме да видиме во преговарачката рамка дека Договорот ќе се спроведе, дека РС Македонија нема никакви претензии за малцинства.“

Захариева најави дека ќе им предложи на двајцата премиери да се свика Меѓувладината комисија за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, која не се состанала речиси една и пол година, а во меѓувреме, како што посочи, се насобрале многу прашања.

Огнен Чанчаревиќ