Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев во среда на средба со Мицотакис

/

пред 2210 дена

Сподели преку :

Пемиерот Зоран Заев утре и задутре ќе биде во дводневна работна посета на Грција, каде што ќе учествува на конференција на угледниот магазин „Економист“ и ќе има работен ручек со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, соопштија од Владата.

Средбата со Мицотакис е на агендата за в среда, а на неа ќе ѝ претходи и средба со претседателката на Грција, Катерина Секеларопулу.

На конференцијата „24-та тркалезна маса со грчката влада“ која ја организира „Економист“, годинава ќе доминираат теми поврзани со справувањето со пандемијата, а Заев ќе има свое обраќање на панелот посветен на Западен Балкан.

„Заедно со него, на овој панел посветен на прашањата за проширувањето на Европската Унија и реформите што треба да се спроведат, како и за трговијата и инвестициите, ќе дискутираат и поранешните претседатели на Црна Гора и Србија, Филип Вујановиќ и Борис Тадиќ, поранешниот премиер на Босна и Херцеговина, Златко Лагумџија, како и поранешната министерка за надворешни работи на Грција и актуелна пратеничка од партијата Нова демократија, Дора Бакојани. Меѓу најавените учесници на дводневната конференција се и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, министри од грчката влада, меѓу кои, за надворешни работи, за здравство, за одбрана, за инвестиции, поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, шефот на кипарската дипломатија, амбасадорот на САД во Грција и други“,

соопштија од Владата.

Во делегацијата со Заев ќе бидат и вицепремиерите за европски и за економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, и министерот за надворешни работи Бујар Османи.