Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запленети два килограми хероин на ГП „Табановце“

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, вчера, на Граничниот премин „Табановце“, ги лишиле од слобода Ј.Ф.(31) од с.Никиштани, скопско и А.Б.(18) од  Хрватска, со што е пресечен меѓународен транспорт на хероин наменет за Хрватска, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

При контрола на автобус на туристичка агенција од Скопје, полициските службеници во координација со мобилен тим од Царинската управа, во багажот пронашле и одзеле околу два килограми хероин, со кој била исполнета амбалажа на разновидни прехранбени продукти.

-По преземени дополнителни мерки и оперативни проверки утврдено е дека македонскиот државјанин Ј.Ф. е сторител на кривичното дело по член 215 од Кривичниот законик и против него денеска СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово ќе поднесе кривична пријава, информираат од МВР.