Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За време на викендите Ски патролата „Асклепиј“ на Попова Шапка има најмногу работа

/

пред 1708 дена

Сподели преку :

Покрај адреналин и уживање, понекогаш планината носи и опасности. Скршеници, полесни повреди, па дури и губење во просторот. Вакви незгоди се случуваат најчесто за време на викендите, кога има и најмногу посетители на скијачкиот центар Попова Шапка, а со тоа и најмногу работа за Здружението за заштита и спасување во планина и непристапен терен „Асклепиј“. Патролерите дневно имаат во просек и до 10-тина интервенции, а дополнително имаат задача и да делуваат превентивно во делот на безбедноста.

Ски патролерите се први се на стазите, но и последни заминуваат. Успешно ги менаџираат повредите на посетителите со вработените на ски центарот, иако немаат доволнo опрема.

Често посетителите го потценуваат времето, па така неодамна поради густата магла се изгубија 30-тина скијачи. Советите на ски патролата се во ваквите случаи да се ориентираат по маркациите или да се јават на сос телефонот.

Ски патрола Асклепиј постои од 2005 година за потребите на ски центарот Кожуф каде работеле до 2013 година. Потоа работат на Попова Шапка и Маврово.

Данијела Билбилоска