Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За две ипол години државните институции потрошиле 8 милиони евра за нови возила

/

пред 2222 дена

Сподели преку :

За две ипол години државните институции потрошиле 8 милиони евра за нови возила дури 71 процент од тендерите воопшто немало никаква конкуренција односно се  пријавила само една фирма покажува анализата на невладината Центар за граѓански комуникации.

Автомобилот од 66 илјади евра за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко е најскапото возило купено државните институции последниве 2 ипол години (2018, 2019 и почетокот на 2020). Институциите. меѓу кои СОЗР, инспекторати, министерства, судови се подновиле со 392 возила и со тоа го олесниле државниот буџет за 8,1 милиони денари. Најмногу автомобили набавила Службата за општи и заеднички работи на владата, 46 пасати. Второто и третото место го држат и пазарниот и земјоделскиот инсепкторат со по 23 и 22 возила. Последниве 2 и пол години државните институции, набавиле 69  возила повеке во споредба со трите години од 2013 до 2015 и потрошиле  53% повеќе средства, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации. Според истражувањето една четвртина од возилата се поскапи  од 30 илјади евра.