Северна Македонија е дел од Балканот и би било неправедно ако не се интегрира во Европската унија, велат фреанцуските сенатори Марта Де Сидрак и Арно Базен од групата за меѓупарламентарно пријателство Франција – Западен Балкан. Тие денеска беа во Македонија, а во разговор за Телма велат дека се надеваат дека за време на француското претседателство кое почнува од први јануари идната година, ќе се реши македонско-бугарскиот спор и Македонија ќе почне преговори со Унијата.











