Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истражување: Девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност

/

пред 1758 дена

Сподели преку :

Девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, додека два проценти страдаат од тага или депресија, покажува истражувањето на  Државниот завод за статистика, спроведено во текот на 2018-2019 година, како дел од Глобалната програма за состојбата на децата и жените.

Според истражувањето, поголем дел од децата во најсиромашните домаќинства доживуваат функционални тешкотии, во споредба со нивните врсници во најбогатите домаќинства – 13 наспроти 4 проценти. Истражувањето, исто така, покажува дека околу 10 проценти од децата на возраст од 2 до 17 години носат очила, додека помалку од 1 процент користат опрема или добиваат помош при одење.