Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Киев одолговлекува со одговорот на предлогот за преговори, обвини Москва

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Кремљ соопшти дека на Украина и предложи преговори во белорускиот главен град Минск, но нагласи и дека Украина во моментов одолговлекува со одговорот, откако претходно побарала средбата да се одржи во Варшава.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека има прекин во комуникацијата, бидејќи Украинците прават „долга пауза“.

За време на паузата, украинските националисти, вели тој, распоредиле ракетни системи во поголемите градски области.

Песков не достави докази за да го поткрепи тоа тврдење, но смета дека тоа е многу опасен развој на настаните.

Украинските власти сè уште не ја коментираат изјавата на портпаролот на Кремљ.

Претходно денеска Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати делегација од претставници на Министерството за надворешни работи и за одбрана во белорускиот главен град Минск на разговори со претставници на Украина.