Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кичеец се враќа во затворот во Струга

/

пред 1848 дена

Сподели преку :

Решението да се укине мерката притвор на Зоран Милески – Кическиот ја донел кривичниот совет на Основен суд Гостивар.

Од Основен суд за МИА потврдија дека постапувале по жалба на одбраната на осомничениот и кривичниот совет донел решение за преиначување на мерката. Од судот нагласуваат дека, одлуката е донесена во работно време и според законските рокови за решавање по жалба од 48 часа.  Милески е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа што се случи минатата сабота во која загина 34 годишен гостиварец.

Истрагата утврдила дека Кичеец додека бил на прекин од издржување на затворската казна, возел кон Скопје, но на патот Кичево – Гостивар претекнувал на полна линија, по што дошло до судирот меѓу неговиот и уште два автомобили.

Инаку тој се уште ја издржува 3 годишната затворска казна за случајот “Рекет”. Но, и покрај тоа користел погодности и бил на лекување заради тахикардија кога ја предизвика несреќата.