Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски ги повика пратениците да го изгласаат законот за минимална плата

/

пред 1685 дена

Сподели преку :

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил ги повика пратениците и политичките партии во Собранието што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата.

На социјалната мрежа премиерот пишува:

„Ги охрабрувам пратениците во Собранието и политичките партии да дадат поддршка и што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата.

Граѓаните од нас очекуваат ефикасност и не смееме да дозволиме одложување на носењето на ова решение кое од огромно значење за работниците со ниски примања во време на криза.

Ја повикувам опозицијата и нејзините пратеници да дадат поддршка на оваа верзија на законот и кончено да демонстрираме заедништво за одлуки важни за граѓаните.

Платите ќе продолжат да растат и во иднина, исто како и пензиите бидејќи сега е време секој денар од буџетот да го насочиме за финансиска поддршка на граѓаните и стопанството“, напиша Ковачевски на Фејсбук.