Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Колоноскопскиот преглед го спасил Бајден од канцер

/

пред 1773 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден би се разболел од рак доколку не бил подложен на редовна колоноскопија.

Лекарите идентификуваа полип, отстранет од дебелото црево на Бајден за време на колоноскопијата, како тубуларен аденом, бенигна, но потенцијално преканцерозна форма, рече главниот лекар во Белата куќа, Кевин О’Конор.

Минатата недела Бајден беше подложен на лекарски преглед, по што лекарите заклучија дека неговата здравствена состојба му овозможува без ограничувања да ги извршува должностите шеф на државата и врховен командант.

„На претседателот Бајден му беше отстранет бениген полип од 3 мм од дебелото црево… Примерокот земен за хистолошки преглед беше идентификуван како тубуларен аденом, сличен на полипот што му беше отстранет во 2008 година“, се вели во соопштението за печатот. Информациите за здравјето на претседателот се обелоденуваат со негова експлицитна согласност, нагласуваат од Белата куќа.

Бајден во саботата наполни 79 години. Повторна колоноскопија се препорачува по седум до десет години. За време на постапката, претседателот бил под анестезија и ги делегираше своите овластувања на потпретседателката Камала Харис на час и половина.