Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косовската влада бара преиспитување на одлуката за задолжителни тестови за влез на нивните државјани во Северна Македонија

/

пред 2277 дена

Сподели преку :

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај денеска побара Северна Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни ПСР тестови за влез на граѓаните од Косово во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Земај на Фејсбук напиша дека одлуката на македонската Влада им штети на косовските граѓани и на бизнисот.

Тој додаде дека побарал од Амбаса на Косово во Северна Македонија да ги контактира властите за изнаоѓање на решение.

– Побарав од амбасадорот Џерџ Дедај да се обрати до надлежните органи и да им го пренесе нашиот став за потребата за соработка на нашите држави со цел да се надмине пандемијата и за заедничка координација во борбата против коронавирусот, истакна Земај.