Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лажни видеа од руската инвазија на големо се шират на социјалните медиуми

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Кратко откако рускиот претседател Владимир Путин го објави започнувањето на воената инвазија на Украина на социјалните медиуми почнаа да се шират видеа и фотографии од конфликтот. Иако голем дел од нив се вистински, некои од видеата кои нашироко се споделуваат се од претходни конфликти или од воени вежби.

БиБиСи тврди дека дел од видеата успеале да ги поврзат со првичниот конфликт меѓу Украина и Русија околу Крим во 2014 година, се споделуваат исто така видеа од конфликтот во Либија во 2011 и од експлозијата на пристаништето во Бејрут во 2020 година.

Еден од примерите, посочува БиБиСи, е поранешен украински амбасадор во САД, кој на твитер споделил видео од наводен ракетен напад во Мариупол, а видеото всушност прв пат било објавено на ТикТок пред неколку недели и покажува како гром удира во трафостаница.

Друго видео кое беше нашироко споделувано и кое покажува истоварање на руските падобранци во Украина, е всушност видео кое прв пат било објавено 2016 година и најверојатно станува збор за руска воена вежба.