Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макпетрол: Цената на метанот во малопродажба е директно зависна од набавната цена на природниот гас

/

пред 1733 дена

Сподели преку :

Во врска со прашањата и со објавите за цената на метанот, Макпетрол информира дека цената на метанот во малопродажба е во директна зависност од набавната цена на природниот гас во земјава.

Ако се споредат набавната цена во декември, кога беше 292,03 долари за илјада кубни метри, со таа во јануари годинава, кога достигна 890 евра за илјада кубни метри, може да се заклучи дека само по овој основ цената на метанот би требало да се зголеми за 345 проценти.

“Во земјава има десетина трговци со лиценца за трговија со природен гас, но само Макпетрол суштински ја користи за трговија со овој енергенс. Имено, нашата компанија со години склучува и реализира годишни договори директно со „Гаспром“. Тоа потврдува дека „Макпетрол“ е бренд со реноме, капацитет и со кадар да склучува и одржува вакви договори за снабдување на енергенси, како во големопродажба, така и за трговијата на мало” – пишува Mакпетрол и ги објавува цените на метанот во регионот и во Eвропа, со напомена дека во следниот период таа ќе продолжи да се менува.