Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министри, пратеници, градоначалници, судии-перципирани кај граѓаните за најкорумпирани

/

пред 1759 дена

Сподели преку :

Расте корупцијата во сите сфери на општественото владеење. Дури 80% од граѓаните сметаат дека желбата за брзо лично богатење на оние кои се на власт влијае на нејзината широка распространетост, покажува последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка.Корупцијата  е присутна во сите три власти, извршна, законодавна и судска.

Граѓаните немаат доверба во институциите, нема разрешница на ниту еден коруптивен скандал.

Крупната корупција станува сериозен општествен проблем вели членот на Антикорупциската комисија  Владимир Георгиев.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата апелира на поголема вклученост на граѓаните, функционалност на истражните центри,конфискацијата на криминалниот имот да стане стратешки приоритет  и да се зајакне меѓуинституционалната соработка и координација.

Јулијана Пешевска