Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски не е против заедничко чествување на Гоце Делчев доколку Бугарија го признае како Македонец

/

пред 1703 дена

Сподели преку :

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека нема ништо против заедничкото чествување со Република Бугарија на великанот на Македонската револуционерна борба и идеологот на македонската независност, ако се слави големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев.

„Ако се слави 150 годишнината од раѓањето на големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев, немам против“, рече Мицкоски.

Тој, понатаму додаде дека за него, Гоце Делчев преставува Македонија, а не оние кои што денеска ја водат државата и што уживаат во привилегиите, а кои не беа со македонскиот народ кога најмногу му требаа.

„Гоце Делчев, за мене претставува Македонија. Тоа што овие денеска што чествуваа и што имаат привилегирана положба, а не беа со народот, не се. Тоа е за мене Гоце Делчев“, додаде Мицкоски.