Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На доделувањето на Оскарите, минута молк за Украина

/

пред 1669 дена

Сподели преку :

Церемонијата на доделувањето на Оскарите беше прекината поради едноминутно молчење за Украина, со порака на екраните во која се бара помош за таа земја изложена на руска агресија.

На екраните беше емитувана порака во која се повикува на момент на молк за поддршка на „народот на Украина кој моментално се соочува со инвазија, конфликт и предрасуди во нивните сопствени граници“.

Во пораката се додава дека на милиони семејства им е потребна храна, лекови и вода за пиење, а гледачите се повикуваат да испратат хуманитарна помош.

„Ве повикуваме да ја поддржите Украина на кој било начин“, гласеше пораката со хаштаг #StandWithUkraine.