Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Незадоволните во ВМРО ДПМНЕ бараат да престанат поделбите

/

пред 2194 дена

Сподели преку :

Да престанат поделбите на подобни и неподобни, наши и ваши, стари и нови членови, побараа незадоволните сопартијци од лидерот ан ВМРО ДПМНе, Христијан Мицкоски, по синоќешното интервју на Телма.Единствен демократски чин во моментов, велат, би бил, тој да си поднесе неотповиклива оставка.Не се изненадени од одбивањето на Централниот комитет, да се свика вонреден партиски конгрес.

Падот на поддршката кај членството Есмеров го илустрира со добиените гласови. Од 450 илјади гласови пред 4 години на 300 илјади гласови сега. Членството, вели, е намалено од 147 илјади до 2017 година, на 45 илјади сега. Во општинскиот комитет во Центар, според него,  членството било намалено од 4.700 на 780 луѓе. Смената на партиските кадри, меѓу кои е и генералниот секретар, за него, не ја намалува одговорноста на претседателот за ваквата состојба.

И членот на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес, Васко Наумовски,  му порача на раководството, грешките да си ги побараат кај себе, а не кај членовите на партијата.

Мицкоски вели дека сите нив ги поканил на разговор, барал да достават иницијатива, што не го сториле, по што самиот побарал вонреден конгрес. Тоа, вели, може и сега да го сторат.

Мицкоски нема намера да си даде оставка по поддршката што му е дадена од Унијата на млади сили, Унијата на жени, Централниот комитет и  од општинските комитети. Тоа, вели, би било кукавички чин.

Далиборка Демјанска Цветановска