Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема договор меѓу СОНК и владата за повисоки плати во образованието

/

пред 1662 дена

Сподели преку :

Пропадна и денешниот обид на СОНК да издејствува повисоки плати во образованието. Без договор заврши и вечерашната средба во финасии.

Синдикатот бара решение веднаш, а владата бара да се стрпат и заедно да работат на долгорочно системско решение. Преговорите ќе продолжат, но ниту една страна не попушта во барањата.

Синдикалците излегоа разочарани од средбата во финасии.

Велат, владата не ја сфаќа сериозно нивната закана за генерален штрајк, ниту пак последиците од него. Не прифаќаат одговор дека нема пари во буџетот за зголемување на платите во образованието.

Залудни се објаснувањата дека зголемување на платите ќе предизвика потрес на буџетот и инфлација.

Не попушта СОНК, не попушта ниту Владата. Синдикатот бара решение веднаш, а минстрите инсистираат на долгорочно системско решение.

Министерката за труд уште еднаш им потенцираше дека згрижување на деца во градинките мора да има, независно од нивната одлука за генерален штрајк.