Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема кој да ги гасне пожарите во Тетовско

/

пред 2260 дена

Сподели преку :

Тетовската територијалната противпожарна единица има помалку пожарникари од законски предвидениот број. Со оглед на тоа дека покрај Тетово, вработените опслужуваат и 5 рурални општини, потребно е вработување на нови, млади лица. Периодов имаат поголем број интервенции во гаснење пожари, особено на отворен простор, помагаат во сообраќајни несреќи, а за време на траењето на пандемијата тие беа ангажирани во активностите за дезинфекција на јавните површини. Отварање на помали противпожарни станици во околните места остана само ветување.

Територијалната противпожарна единица има потреба и од нова помодерна опрема. Возилата се стари во просек 30-тина години, а им требаат и  неколку помали возила за поефикасни интервенции во населбите со тесни улички, а особено за планинските села.

Најверојатно тетовските пожарникари ќе почекаат за исполнување на нивните потреби. Во време на пандемија биле снабдени само со апарати и средства за дезинфекција. Нови вработувања, пак, се во план, велат од Канцеларија за комуникации и односи со јавност при општина Тетово, но според нив, истите треба да бидат најпрво предложени на Совет.

Данијела Билбилоска