Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новогодишна елка од 19.000 празни шишиња од вакцини

/

пред 1757 дена

Сподели преку :

Како се наближуваат божикните и новогодишните празници државите полека влегуваат во атмосфера на прослави. Сезоната е отворена со голема елка на Западниот Брег во Витлееем . на осветлувањето присуствуваа бројни граѓани, но и туристи. Поради пандемијата и оваа година голем дел од земјите апелираат новогодишните прослави да се случуваат на отворено. Во италијанскиот град Губио е поставена највисоката елка во светот според Гинесовиот рекорд. За да се накити елката висока 750 метри, и широка 450 метри, бил потребен осумипол километарски светлечки кабел.

Во Финска во градот Рованиеми подводен Дедо Мраз им ја честита новата година на минувачите, додека во најголемиот вакцинален центар во Букурешт направена е елка од празните шишиња од вакцините.

Тимот кој работи тука во текот на целата година ги собирале шишињата за оваа цел, а за да ја направат елката им биле потребни 19 илијади празни шишиња.