Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново Село трет месец без дежурен лекар

/

пред 1701 дена

Сподели преку :

Жителите на Ново Село бараат да има дежурен лекар од итната мееицинска служба во нивната општина.

Од месец ноември дежурната служба не функционира а за итните случаи при дојава доаѓа екипа од Струмица.

За овие граѓани ова е проблем бидејќи општината е оддалечена триесетина километри од Струмица.

Освен жителите реагираат и од општината. Градоначалникот Божинов вели дека дежурниот лекар е потреба бидејќи најголем дел од населението се возрасни.

Од Здравствен дом Струмица велат дека по систематизација немаат предвидено лекар во Ново Село, но праќале на добра волја, за им излезат во пресрет на граѓаните.

Во моментов имале зголемен обем на работа поради ангажираноста на дел од медицинскиот персонал и во вакциналните пунктови против ковид-19, па дежурствата во целиот струмички регион ги покриваат тимовите на Итната медицинска помош од Струмица.

Сузана Мицева