Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството отвори истрага за убиство со умисла за Битолчанецот кој смртно го застрела поранешниот зет кој насилно упадна во неговиот дом

/

пред 1685 дена

Сподели преку :

Битолското обвинителство отвори истрага и побара притвор за 62-годишниот Битолчанец, кој вчера, со пиштол, го уби поранешниот зет за ќерка, кога тој вооружен со долг нож, насилно упадна во неговиот дом.

Според обвинителството, осомничениот извршил убиство со умисла, откако сега починатиот, ја скршил влезната врата, и влегол во куќата на неговиот тест, кој го пречекал во претсобјето и смртно го застрелал со пиштол што го поседувал со дозвола.

По увидот, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот и прибирање докази од местото на убиството а исто така, обезбедени се снимки од видео-надзор на објектот.