Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат во земјава за да земат ДНК од семејствата на загинатите

/

пред 1774 дена

Сподели преку :

Екипа од шест истражители од бугарската национална истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат на предистражната постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски граѓани.

Во рамките на меѓународната правна соработка, прецизирани се најкратките можни рокови за доставување на потребните документи, велат од јавното обвинителство на Бугарија. За да се идентификуваат загинатите македонски државјани, бугарскиот тим ќе добие и ДНК-профили на роднините на жртвите за да ги спореди со ДНК-профилите на жртвите за што поскоро да ги идентификува, додаде таа. Веќе е создадена потребната организација за брза и ефективна истрага, има поделба на работата по посебни ресори.