Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Објавени огласи за вработување на повеќе од сто наставници во штипските училишта

/

пред 1773 дена

Сподели преку :

Во штипските основни и средни училишта ќе се вработат рекордни над сто наставници, но и библиотекари и други технички лица.

Објавени се огласите за вработување на наставници за одделенска настава, но и  за речиси сите предмети, по историја, влашки јазик, природни науки, физичко образование и воспитување или вкупно 33 се и во најголемото Општинско основно училиште  „Ванчо Прќе“, потоа следи  „Димитра Влахов“ со 19 огласи.

Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов вели дека согласностите за вработување од локалната и централната власт се добиени пред да стапи тој на функција. Последните огласи се до денеска.

Со штипските училишта се уште раководат директорите избрани од претходната локална власт на СДСМ. Мандатите им завршуваат на почетокот на 2022 година или на крајот на учебната година.Новата локална власт на последната седница на Советот на Општина Штип ги разреши старите и именува нови членови во Управните одбори на сите училишта.

Викторија Јованова