Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од утрово повторно отворен базенот во спортскиот центар Борис Трајковски

/

пред 1710 дена

Сподели преку :

По пауза од седум дена, од утрово повторно е отворен базенот Карпош за граѓаните и пливачките клубови. Базенот беше затворен поради дефект во системот за затоплување за што се чекаше да пристигне дел од Турција.

Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Александар Петровски тогаш за Телма изјави дека енергетската криза не била причината за затворање на базенот туку дефект на системот за греење.

Затворањето на базенот предизвика лавини реакции во јавноста од родители на деца кои тренираат пливање во рамките на пливачките клубови, со оглед на тоа што во Скопје има само два затворени базени едниот базенот Карпош и Олимпискиот базен во Центар.

Базенот Карпош освен рекреативци го користат и над 30 пливачки клубови кои држат часови, но и деца со посебни потреби, ватерполисти, ветерани ватерполисти.