Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Онлајн наставата во Тетово и Гостивар продолжува до 20 септември

/

пред 1844 дена

Сподели преку :

Наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар ќе продолжи да се изведува онлајн до 20 септември, наместо до 14, како што беше планирано со претходната одлука, одлучи Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница.

Поради влошената ситуација со пандемијата во овие градови, владата претходно донесе одлука наставата да се организира онлајн во траење од 14 дена, додека онлајн настава имаше и во Кичево и Струга, во траење од 7 дена.