Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Орце Камчев излезе од Шутка

/

пред 1732 дена

Сподели преку :

Орце Камчев доцна попладнево излезе од затворот во Шутка , откако апелација ја прифати понудената гаранција од 11 милиони евра, овозможувајќи на осомничениот за случајот “Плацеви на Водно” да се брани од слобода.

Камчев во притвор помина речиси една година за случајот во покрај него обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта и поранешниот прв човек на ДБК, Сашо Мијалков, кој претходно исто така беше пуштен на слобода, исто така со гаранција од 11 милиони евра.

Претходно Камчев беше хоспитализиран во неговата болница “Систина”, со дозвола на судијата, бидејќи наводно не бил во добра здравствена состојба.