Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски-Гутереш: Деблокадата на евроинтеграциите е во интерес на стабилноста на регионот

/

пред 1836 дена

Сподели преку :

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

На средбата биле разменети мислења за севкупните активности на  Македонија во рамки на Обединетите нации, како и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните прашања.

Во тој контекст, генералниот секретар Гутереш оддаде признание за покажаната солидарност од страна на нашата земја со вклучувањето во глобалната хуманитарна акција за привремено прифаќање на граѓани од Авганистан.

На средбата беше истакната важноста на Преспанскиот договор, склучен под покровителство на Обединетите нации, како пример дека и најкомлексните отворени прашања може да се разрешат доколку за тоа постои политичка волја и силно лидерство. Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелната состојба во однос на европската перспектива на државата, вклучувајќи го отвореното прашање со Република Бугарија. Двајцата соговорници констатираа дека деблокадата на евроинтегративниот процес е од интерес за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа во целина.