Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски: Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа, напиша на својот Фејсбук профил претседателот Стево Пендаровски.

„Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина.Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња.“ – истакна Пендаровски.

Пендаровски рече дека дека денеска свикал на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.