Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Песков: Гас во рубљи или нема да има!

/

пред 1665 дена

Сподели преку :

Официјална Москва преку изјава на портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков уште еднаш ги повтори заканите дека Русија би можела да ја стопира испораката на гас,  доколку земјите членки на ЕУ и другите кои се на листата на “непријателски“ земји не прифатат да го плаќаат испорачаниот гас во рубљи.

“Руските власти и Гаспром сега разговараат за деталите за префрлање на плаќањето на гасот доставен до непријателските земји во рубљи, не се зборува за бесплатни пратки. Фактот дека нема да доставуваме гас бесплатно е недвосмислен. Ова може да се каже со апсолутна сигурност“ – порачува Песков , во изјава која ја пренесува Риа Новости.

Сепак тој додава дека деталите се комплицирани и допрва се разработуваат. Рускиот претседател Путин, на 23 март издаде наредба со која ја задолжи Централната руска банка и Гаспром да ги преземат сите мерки, испораката на гас кон , како што Москва ги нарекува „непријателските земји“ да се наплаќа во рубљи.

Оваа одлука треба да се спроведе до 31 Март.  ЕУ жестоко  се спротивстави на ваквите услови, но не отстапува ниту Москва.