Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петков: Добрососедството е многу важен принцип во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија

/

пред 1730 дена

Сподели преку :

Премиерот на Бугарија Кирил Петков потврди дека на 18 јануари ќе ја посети Република Северна Македонија, во одговор на седница за пратенички прашања во Народното собрание.

Петков рече дека добрососедството е многу важен принцип во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој додаде дека ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Република Северна Македонија е зачуван токму онака како што е договорено во коалицискиот договор меѓу партиите во владејачката коалиција. Ставот е ист, вели тој, но владата во Софија го надградува со пет посебни различни комисии за надградба на овие односи.

Петков изрази чудење зошто во 2021 година немало ниту еден лет од Софија до Скопје, како и ниту една железничка линија. Тој праша и зошто Бугарија и Северна Македонија немаат заеднички културен календар, како и зошто нема интеракција меѓу бизнис секторите на двете соседни земји.

Петков увери дека има апсолутно јасен заеднички став во коалицијата, како и целосна координација во Советот на министри на Бугарија на темата.

-Со одењето на разговори на 18 јануари покажуваме дека добрососедството е фундаментален принцип на нашите односи со Република Северна Македонија. Се надевам дека нашата Влада ќе ја покаже разликата меѓу добрите планови и постигнатите резултати, рече во заклучокот бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание.