Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петмина загинати во бомбардирање на телевизиска кула во Киев во близина на меморијалниот центар Бабин Јар

/

пред 1696 дена

Сподели преку :

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека пет лица загинале во бомбардирањето на телевизиски предавател во Киев. Дел новински агенции пренесуваат дека покрај петмината загинати во нападот биле повредени уште пет лица.

На Твитер се појавија неколку снимки направени по бомбардирањето на ТВ кулата. Некои од нив, кои ги објавија и украинските власти, покажуваат мртви цивили на улиците.

Во близина на предавателот се наоѓа и меморијалниот центар Бабин Јар во чест на жртвите од холокаустот за време на Втората светска војна.

 

Кој е смислата 80 години да повторуваме „никогаш повеќе“ ако светот остане нем кога бомби паѓаат на истото место во Бабин Јар? Најмалку пет загинати. Историјата се повторува, напиша Зеленски на твитер.

 

Бабин Јар е мала клисура во Киев каде на 29 и 30 септември 1941 нацистичките одреди на смртта застрелале 33.771 Евреин, по наредба на воениот гувернер на Киев Генералмајорот Курт Еберхарт.

Бабин Јар е третиот најголем масакр на нацистичкиот режим и неговите сојузници за време на воената кампања против Советскиот Сојуз по масакрот во Одеса во октомври 1941 година кога биле убиени над 50.000 Евреи, и операцијата Фестивал на жетвата во ноември 1943 година за време на окупацијата на Полска, кога биле убиени помеѓу 42.000 и 43.000 Евреи.