Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Возачот и четворица вработени повредени во превртениот автобус кај Битола

/

пред 1834 дена

Сподели преку :

Пет лица се полесно повредени и се надвор од животна опасност во сообраќајната несреќа во која автобус полн со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“  рано утрово се излизга и се преверте во ендек во близина на индустриската зона Жабени кај Битола.

Според информации на Телма, четворица од повредените се работници, а петтиот  е возачот на автобусот. Од битолската  болница потврдија дека петмина  од  превртениот автубус биле пренесени во оваа здравствена установа, но нема  хоспиталзирани, затоа што биле констатирани само лесни повреди и се пуштени дома.

Несреќата се случи утрово во 6 часот и 30 минути, а автобусот ги превезувал работниците  кон Битола, по звршувањето на третата смена.

Ден пред ископувањето (сквернавењето) на гробот на 17-годишната кумановка, мајката пријавила закани во полиција кои не се расветлени

Полицијата изврши увид на местото на настанот, по што треба да се утврдат причините за несреќата. Инаку овој патен правец кон граничниот премин Меџитлија е во исклучително лоша сосотојба, со ударни дупки и одамна не е реконструиран, а возењето утрово беше дополнително отежнато поради врнежливото  време  и лизгавиот коловоз.

Сепак истрагата треба да утврди како се случила сообраќајната незгода, зошто автобусот премин  на спротивната коловозна лента и се преврте  веднаш покрај патот.

Емилија Мисирлиевски