Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар во модуларната болница во Тетово

/

пред 1851 дена

Сподели преку :

Околу 21 часот избувна пожар во модуларната болница во Тетово.

Во моментов на терен се противпожарни екипи, но во гаснење на пожарот и во евакуирање на пациентите помага и болничкиот персонал. Вклучени се и голем број граѓани.

Градоначалничката Теута Арифи беше на терен, рече дека се се случило многу брзо, нема дополнителни информации , ги чекаат докторите и пожарникарите да дадат официјални информации.

Министерот за здравство Филипче на ФБ напиша дека е на пат за Тетово, најави дека наскоро ќе соопшти официјално што точно се случило.

Екипата на Телма е на терен, ќе имаме вонредни вести за чиј тајминг дополнително ќе известиме.