Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата ќе го обезбедува Филипче, но не поради смртни закани

/

пред 1688 дена

Сподели преку :

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче ќе има лично обезбедување и возач потврдуваат од МВР, но не заради закани и на лично барање.

Претходно, дел од медиумите повикувајќи се на високи извори од Министерството, објавија дека Филипче имал смртни закани и самиот побарал полициска заштита.

Тој во одговор за Телма ги негира овие наводи и вели дека обезбедувањето му е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност, на уште шест месеци.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека може да се определат мерки за обезбедување по престанокот на функцијата на членови на Владата и токму затоа Венко Филипче во моментов е обезбедуван од полицијата.