Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради недостиг на клупи, наставата се одржува во црква

/

пред 2209 дена

Сподели преку :

Учениците од едно одделение во Торино на првиот училишен ден настава следеа во црква поради доцнење на доставата на дополнителни клупи потребни за физичка дистанца.

– Немавме друг избор. Новите клупи беа нарачани на почетокот на јули, но се уште не се доставени. Оваа е привремено решение, се надеваме дека ќе трае неколку денови, изјавија од училиштето „Конвито Умберто Први“ во Торино.

Првиот училишен ден вчера почна со настава по италијански и латински јазик, а потоа историја, филозофија, па одмор во дворот на црквата, а потоа два часа математика.

Раководството наведе дека „училиштето е секулартно и останува секуларно и покрај тоа што држи настава во црква“.

Италијанскиот весник „Република“ објави дека наставата во црква е новост и за верниците, па така една жена насред училишен час влегла во црквата да се помоли.

Учениците од друго одделение на „Конвито Умберто Први“ настава следеле во училишната кантина.

Во исто време, децата од едно основно училиште во Џенова ги користеле столиците како маса за пишување, а дел од нив седеле на под, бидејќи немало доволно клупи за секој ученик сам да седи. Поради тоа дел од родителите протестираа пред училиштето.