Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешните хонорарци од Општина Тетово секојдневно носат извештаи за сработеното во 2021 година – во спротивно треба да ги вратат сите добиени средства

/

пред 1697 дена

Сподели преку :

Хонорарно ангажирани лица во општина Тетово во периодот кога на чело на општината беше Таута Арифи, кои сега се најдоа на списокот на новиот градоначалник Касами како должници кои треба да и ги вратат парите на општината, денеска постојано носат извештаи за сработеното во 2021 година. Како што информираат од општината тоа значи дека борјот од 294 луѓе се намалува, а рокот за достава е продолжен.

Од општината велат дека на оние кои ќе достават извештај за сработеното ќе им бидат исплатени заостанатите плати.. Понатамошната постапка, околу начинот на враќање на средствата, за оние кои нема да достават извештај, е во надлежност на судските инстанци. Проценките се дека со ова буџетот на општината е оштетен за повеќе од 113 илјади евра.