Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По речиси две години Австралија ги отвора границите за туристите

/

пред 1687 дена

Сподели преку :

Австралија ќе ги пречека меѓународните туристи во понеделник по речиси две години затворање на границите, потпирајќи се на високата стапка на вакцинација против коронавирус, но и тоа што инфекциите се намалуваат.

Отворањето на Австралија за туристите е најјасен показател за напуштање на ригорозниот пристап во борбата против пандемијата на Ковид-1.

Повеќето од 2,7 милиони инфекции со коронавирус во земјата беа регистрирани со доаѓањето на варијантата омикрон кон крајот на ноември.

Австралија постепено започна да се отвора од ноември, прво дозволувајќи им на Австралијците да патуваат до и од земјата, а потоа почнаа да прифаќаат странски студенти и некои работници.

Од понеделник сите патници можат да влезат. Целосно вакцинираните туристи нема да бидат ставени во карантин.