Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прегазен велосипедист на патот Гостивар

/

пред 2225 дена

Сподели преку :

Седумдесет и двегодишен велосипедист вчера бил прегазен на регионалниот пат Гостивар – село Чегране.

Според информациите на МВР, вчера во 20,45 часот било пријавено дека на патот за селото Старо Чајле, автомобил „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од И.Ј.(23) од село Форино удрил во велосипедист О.О.(72) од село Чајле.

Во незгодата со повреди се здобил велосипедистот констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.