Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ го разреши од функција уапсениот министер Дарко Хорват

/

пред 1688 дена

Сподели преку :

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши Дарко Хорват од должноста министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, на негово лично барање.

Хорват кој утрово после претресот во неговиот дом беше уапсен, се товари за злоупотреба на службената должност и овластувања.

Претходно премиерот на Хрватска ги повика ДОРХ да ја информираат јавноста што е толку итно при неговото апсење.

Адвокатот кој го застапува уапсениот хрватски министер Хорват, изјави дека неговиот клиент на распитот се изјаснил за невин за злоупотреба на службената положба и оти обвинителството бара негов притвор и додаде дека сите докази доаѓаат од друг случај во кој второобвинета е Ана Мандац.

Полицијата по наредба на обвинителството освен Хорват го истражува и вицепремиерот Борис Милошевиќ. Заедно со Хорват и Милошевиќ, се и актуелните државни функционери и државниот секретар на Министерството за регионален развој, Велимир Зунац, и директорката на управата за помошни области, Катица Мишковиќ. Меѓу осомничените се и поранешниот министер Томислав Толушиќ и помошничката на Хорват Ана Мандац.

Мартин Николовски